Шведскиот производител на мебел Икеа одлучи да престане да го објавува каталогот по 70 години, едно од најголемите годишни публикации во светот, бидејќи клиентите се повеќе се свртуваат кон интернет, објави компанијата.

Каталогот на Икеа се печати веќе 70 години, а најголемиот тираж го достигна во 2016 година, кога повеќе од 200 милиони примероци беа дистрибуирани до домаќинствата и продавниците на Икеа на повеќе од 50 пазари. Неговото прво издание имаше вкупно 285 илјади примероци и беше дистрибуирано на југот на Шведска.

Последното издание, заклучно со оваа година, е отпечатено во 40 милиони примероци.

Таквиот потег е дел од напорите на компанијата да го зајакне дигиталниот бизнис, бидејќи потрошувачите се повеќе бараат инспирација преку интернет, а исто така и се повеќе купуваат преку интернет.

За 12 месеци до крајот на август, продажбата на Икеа преку интернет се зголеми за 45 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.