Во близина на дојранското село Николич почна уредувањето на езерското крајбрежје каде ќе никне нов кампинг за туристи и ќе се подготви и уреди за користење „дивата плажа“, велат од локалната администрација во Дојран.

Езерското крајбрежје во Николич и неговата околина одамна е познато по убавите плажи кои одамна,пред можеби педесетина години, беа познати и многу посетени поради тогаш познатиот авто камп „Ачикот“ и околните плажи.Туристите шетајќи наоколу ги пронајдоа повторно сега веќе дивите и напуштени плажи кои залужуваат да им се вратат откако урбано ќе ги средиме, велат од општина Дојран.

Од секторот за урбанизам на општина Дојран информираа дека по изработката на урбанистичкиот план механизацијата веднаш излегла на терен и почнала со средување на дивата плажа која се протега кон границата со Грција и оти тоа место ќе се претвори во локална инвестициска зона во која ќе бидат поставени и туристички кампови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.