Најпознатиот српски патник Слободан Миќиќ почина во 76. година од животот, пренесуваат српските медиуми.

Миќиќ беше познат по бескрајно интересните патеписи во телевизиската емисија „Свет на дланка“ која ја работеше заедно со сопругата Марија Миќиќ.

Економист по образование, а светски патник по професија, тој туристите ги водеше и до најодалечените точки на планетата, од Уганда до Галапагос, од Фиџи до Исланд, каде што беше и почесен конзул.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.