По премиерата на филмот „Плажа“, на тајландската плажа доаѓаа и до 5.000 туристи дневно, што предизвика нејзино пропаѓање.

Заливот Маја и неговата плажа некогаш беа познати само по неколкуте патници кои овде доаѓаа за да побегнат од утврдената патека на туристите.

Но, по успехот на холивудскиот филм во кој глумеше Леонардо ди Каприо од 2000 година, а базиран на истоимениот роман на Алекс Гарланд, живописното место беше близу пропаѓање.

Имено, откако филмот почна да се прикажува, плажата ја посетуваа 5.000 луѓе, кои доаѓаа со чамци.

Плажата требаше да биде затворена само четири месеци, но периодот се продолжуваше за да му се овозможи на коралниот гребен да се оправи од оштетувањата. Порај повторното поставување корали, вложени се напори да се спречи ерозија со садење дрвја и трева по должина на плажата.

Три години по затворањето во настојување да се сочуваат коралните гребени од туристичките бродови и ѓубре, најпознатата тајландска плажа на островот Фи Фи, повторно ќе биде отворена на 1 јануари.

Во иднина, на оваа плажа ќе можат да престојуваат само 300 туристи и тоа најмногу еден час меѓу 10 и 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.