„Biking Borders“ се момци од Берлин кои пред речиси 9 месеци тргнаале со велосипеди низ светот со една цел – подигнување на свеста и собирање на донации за изградба на училиште во Гватемала.

Овој месец пристигнаа во Пекинг, Кина, која е нивната крајна дестинација по 15.000 км поминати на велосипед, а со тоа ја исполнија и својата цел собирајќи ги потребните пари за изградба на училиште за 1.000 ученици кое е речиси готово.

За време на нивното патување низ 20 земји се снимаше документарен филм за нивното патешествие, културата на народите и природните убавини, а една од тие 20 земји е и Македонија каде што најголем дел од времето се задржаа во Охрид.

Документарецот ќе биде емитуван на Национална географија или на некој сличен ТВ-канал.


Извор: Среќа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.