Приватен остров во Ирска со три плажи и седум куќи беше продаден за над 6,3 милиони долари, а анонимниот купувач  претходно не го посетил, јавува Си-Ен-Ен.

Коњскиот остров, е  остров на околу 15 хектари сместен северозападно од копното на Ирска.

Анонимниот купувач од Европа го видел островот само на снимките пред да го купи, придружувајќи се на исклучително богатите луѓе кои решиле да купат приватен остров за време на пандемијата на вирусот корона.

Островот со недопрени природни пејзажи има три плажи, приватно пристаниште, патишта, хелипорт, тениско игралиште, теретана, една главна куќа од 4.500 метри квадратни и неколку викендици со поглед на Атлантскиот океан.

Агентите за недвижнини тврдат дека за време на пандемијата на вирусот корона, тие биле принудени да им понудат на купувачите виртуелна турнеја. Тие посочуваат дека продажбата на Коњскиот остров укажува на сè почест тренд кај екстремно богатите луѓе кои поради пандемијата на вирусот корона  ги откажуваат  скоро сите патувања за време на одмор и се повеќе се свртуваат кон купување приватни острови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.