Ова лето по сè изгледа поскапо кафе ќе се пие на охридското крајбрежје. Новите правила за работа кои угостителите сè уште ги немаат добиено, а ќе треба да ги исполнат ако сакаат да работат, можно е да ги покачат цените на услугите. Aко до пред затворањето на објектите поради пандемијата цената на едно кафе се движеше меѓу 70 и 90 денари, сега ситуацијата ќе наметне повисоки цени, најавуваат угостителите.

Мене логично ми се наметнува таква работа. Штом мене ми се појавуваат додатни непредвидени трошоци, требало маски, требало визери, требало нараквици кои требало да ги менуваме по три-четири пара, а тие трошоци сме ги немале до сега…, рече Димитар Зарчев-угостител.

Целиот прилог на „Алсат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.