Најголемиот туристички центар, Охрид, и овој празничен викенд е полн со туристи. Од хотелско-угостителскиот сектор очекуваат поуспешна летна туристичка сезона од лани…

Охрид се исполни со туристи од земјава, регионот, но и од други европски држави. Хотелските капацитети се искористени околу 70 проценти што е помалку од очекуваното, но неповолните временски услови придонесоа дел од гостите да го откажат доаѓањето на охридското крајбрежје.

Покрај во посетата на културно историското наследство гостите уживаат во прошетките низ старата чаршија и долж крајбрежјето, а особена атракција за нив се турите со бродови, чамци или катамарани.

Првомајските и велигденските празници придонесоа да се зголеми оптимизмот на хотелиерите и угостителите, а колку нивните очекувања ќе се исполнат во многу ќе зависи од економската и енергетската криза предизвикани од војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.