Државните лидери на Шпанија најавуваат дека туристите на тамошните плажи ќе мораат да се сончаат на две метра растојание и по завршуваање на кризата со коронавируст, пишува британски „Сан“.

Министерката за туризам Рејес Марота вели дека освено во хотелите, туристите ќе мораат да се држат на дистанца и на самите плажи дури и кога ќе помине пандемијата со коронавирусот. Планот на Владата е Шпанија да биде безбедна дестинација за одмор.

Моментално сите плажи во Шпанија се недостапни за користење, а оваа забрана е на сила од 14 март. Вонредната состојба во оваа држава ќе биде на сила најрано до мај.

Сепак, за сите оние кои прашуваа дали оваа година ќе може да се летува, британските експерти за туризам предвидуваат дека сигурно време за патување во странство може да биде дури во септември или во октомври годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.