Норвешка го пушти во употреба спектакуларниот мост над водопадот Верингсфосен, туристичка атркација само за најхрабрите, која нуди неверојатни пејзажи во близина на Фјордот Хардангер во западниот дел од земјата.

Преминувањето на овој пешачки мост ќе значи прошетка на висина од 150 метри над водопадот на премин кој се чини дека лебди во воздух. Направен од челик и закачен во карпа, овој мост е висок 47 метри и има 99 скалила.

Мостот е составен од седум делови, а поради остриот агол под кој се спушта од различните разликата во висина меѓу различните страни од кај што е пристапува достигнува и до 15 метри.

Мостот се наоѓа во националниот парк Хардангервида, најголемиот во скандинавскиот регион. Неговото пуштање во употреба е втората фаза, а до целосно комплетирање на проектот за туристичката атракција, на и околу мосотот треба да се постават видиковци, платформи за набљудување, заштитни огради, санитарни инсталации …

Во моментов, со комплетирањето на втората фаза мостот ќе биде отворен за посетители кои ќе имаат можност да преминуваат над водопадот и да уживаат во прекрасната глетка на норвешката природа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.