Ивана Чолаковска и Мануел Торес кои во изминатите четири години го обиколија светот на мотор не може ништо да ги спречи да продолжат да патуваат. Во идејата повторно да го обиколат светот, но сега со старо комбе, трансфорирмано во нивни дом, занаетчиска работилница и фото студио, за момент ги прекинала лошата вест – на Ману ми бил дијагностициран рак на бешиката.

– За оваа нова авантура решивме да го паркираме моторот и најдовме старо комбе 4х4, 30 годинишно што го трансформиравме во наш дом, фото студио и занаетчиска работилница меѓу многу други функции. Сè беше совршено, плановите се одвиваа беспрекорно се до еден ден во февруари 2018 година, токму кога сè беше подготвено да започнеме, на Ману му беше дијагностициран рак на бешиката. Следниот ден тој замина во Шпанија и патувањето одеднаш застана, авантурата што треба сега да ја живееме е сосема поинаква од онаа што ја планиравме. За време на минатите месеци, нашата рутина беше сумирана како посети на болницата за рутински прегледи, операции, третмани и контроли – раскажува Ивана за порталот „Точка“.

Ивана од Македонија и Ману од Шпанија многумина ги познаваат како Around Gaia. Изминатите четири години како пар најдолго го заобиколија светот на мотор. Патуваа низ 69 земји и ги извозија сите континенти, од најјужната точка до најсеверната. Америка од Ушуаја до Алјаска, Африка од Јужна Африка до Египет, Европа од Германија до Турција, Азија –Централна и Југоисточна и Австралија од Дарвин до Мелбурн.

Вкупно 170.000 км постојано патување и надминување на безброј предизвици. Се заљубиле во откривањето на нови места и луѓе и во фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.