Дали некогаш сте размислувале каде би била најосамената точка на светот и како би изгледала?

Денес, кога сѐ се знае и низ речиси секој дел од светот зачекорила човечка нога, останува малку простор за мистерија. Сепак, постои точка во Тихиот Океан што го доби прекарот „Океански пол на непристапноста“.

Станува збор за имагинарна точка која го добила името „Точка Немо“, а интересно е што во 1992 година ја открил и именувал Хрвоје Лукатала, геодет и математичар од Загреб.

Инспириран од ликот на капетанот Немо од романот 20.000 милји под морето, Хрвоје мислел дека името, што во превод значи „никој“, совршено одговара на најоддалеченото место од копното на Земјата. Лукатела лично не го посетил овој дел од Земјата, туку ја пресметал неговата положба со помош на технологија.

А колку е далеку, потврдува и фактот дека „Поинт Немо“ е поблиску до астронаутите во Меѓународната вселенска станица отколку првата трага од копно. На оддалеченост од 416 километри, астронаутите се уште се поблиску до него отколку копното (Антарктикот), кое е оддалечено дури 2.700 километри.

Денес оваа област се смета за „гробишта за вселенски летала“.

На Немо биле „закопани“ меѓу 250 и 300 вселенски летала, од кои повеќето изгореле при влегувањето во атмосферата на Земјата. Поточно, тука вселенските агенции ги испраќаат своите вселенски летала во смрт кога ќе ја завршат својата услуга. Меѓу најпознатите е руската вселенска станица Мир, активна од 1986 до 2001 година.

Единствените луѓе кои успеале да се доближат до осамената точка се учесниците на Океанската трка со јахти, која се одржува на неколку години. Тие бестрашно пловат низ некои од најстудените и најдиви води, а следната трка е закажана за октомври оваа година.

Има мал интерес за посета на овој дел бидејќи бара неверојатен труд, а не ве очекува ништо спектакуларно, само море опкружено со повеќе море.

Сигурно нема да наидете на копно, табла за добредојде, или продавница за сувенири. На крајот ќе најдете лебдечки куп пластика и ќе паднете во депресија кога ќе видите колку сме ја загадиле животната средина штом и Поинт Немо сме го „населиле“ со отпад.

Want to get away? Well, Point Nemo is the most remote point in the ocean, so happy travels! http://t.co/iwQI2171aH pic.twitter.com/GouBqJW2Ku



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.