Во Хрватска, во близина на островот Какан, туристи снимиле змија која плива во морето и се обидува да се качи на брод.

Најверојатно станува збор за ждрепка, неотровна змија од фамилијата на смоковите, најдолгата змија во Европа, која може да порасне и до 2,5 метри.

Ретко гризе, повеќе сска за да ги предупреди оние кои се приближуваат и гледа само ад побегне. Мала е веројатноста деќе ќе гризне дури и да се земе во рака. Напролет се храни со млади и стари птици, се качува на дрва, но главно се храни со глодари, што ја прави многу корисна. Сите змии се пливачи, а веројатно паднала во морето од некое дрво, па затоа и се обидува да се качи на бродот, за да биде на суво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.