Последните резултати од анализите направени од Институтот за морска биологија на Црна Гора покажаа дека во 94,5% од ипитаните локации морската вода на црногорското крајбрежје е со одличен квалитет.

Анализата на квалитетот на морската вода е направена на 110 локации во периодот од 19 до 22 јули, а резултатите оикажале дека на 84,5 отсто од капалиштата морската вода е со одличен квалитет, на 3,6 отсто со добар и на 1,8 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет.

Како што соопштуваат од Институтот, овие резултати потврдуваат дека морската вода на црногорските капалишта е квалитетна, т.е. дека е санитарно исправна и безбедна за пливање и за рекреација.

Програмата за мониторинг на санитарниот квалитет во општина Улцињ беше спроведена на 18 локации, а водата беше со одличен квалитет на сите локации.

Анализите покажаа дека во Бар на сите 15 локации водата била со одличен квалитет, додека во Будва водата била со одличен квалитет на 31 локација и со задоволителен квалитет на една локација.

Во Которскиот залив, во општина Тиват, на 8 локации водата била со одличен квалитет, додека на 1 локација водата била со добар квалитет.

Анализите покажаа дека во Котор, од вкупно 15 локации, на 14 водата била со одличен квалитет, додека во 1 капалиште водата била квалитетна.

Во Херцег Нови мостри од вода се земени од вкупно 21 локација, од кои 18 се со одличен квалитет, 2 со добар квалитет и 1 со задоволителен квалитет.

Во согласност со црногорските регулативи, како и Директивата на ЕУ за квалитетот на водата за капење, Програмата вклучува следење на два задолжителни микробиолошки параметри (бактерија ешерихија коли и цревни ентерококи).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.