Патниците бегале во паника на британскиот крузер P&O’s Britannia, кој по седумдневното крстарење покрај Норвешка, бил на пат кон Саутемптон.

Новинарот на британската утринска програма „Добро утро Британија“ Ричард Геишфорд, кој бил на бродот раскажа дека инцидентот избувнал кога на еден од патниците не му се допаднала облеката на друг патник, кој бил облечен како кловн. Тепачката почнала во 2 часот по полноќ , по завршувањето на забавата на тема патриотизам. Двајцата се степале на 16. кат на крузерот, а сведоците велат дека летале чинии и мебел, по што интервенирала безбедносната служба.

Крв имаше насекаде. Бродскиот медицински екипаж им помагаше на повредените, кои рекоа дека никогаш порано не доживеале нешто такво, ја опиша новинарот ситуацијата на крузерот.

Патниците биле многу исплашени, се криеле каде што ќе стигнеле.

Секој кој беше вклучен во тепачката, последниот ден на крстарењето го помина затворен во во своите кабини, поради безбедноста – рекоа патниците кои биле сведоци на инцидентот .

Полицијата во Хемпшир соопшти дека нивниот персонал отишол на крузерот веднаш штом се приближувал до Саутемптон, а истрагата е во тек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.