Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги промовираше туристичките потенцијали пред маркетинг агенти, блогери, инфлуенсери од Шпанија, Португалија, Латинска Америка. Тие изразиле желба за да ја промовираат Македонија во нивните земји, додека маркетинг агенциите за дигитален маркетинг и иновации во туризмот да дадат поддршка за промоција пред потенцијалните туристи кои се информираат претежно на интернет. Неизоставен дел од секој саем, па и од овој се и средбите со тур-операторите од Шпанија кои се заинтересирани да ја додадат нашата земја во нивните понуди.

Овој неверојатен интерес од пазар на којшто Македонија учествува за прв пат потврдува дека во вистинска смисла сме неоткриена туристичка дестинација за Шпанскиот пазар, што прави нашите очекувања за 2020 година да регистираат голем раст на бројот на туристи од овој дел на Европа.

Директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски ФИТУР го споредува со најголемиот саем за туризам во Германија- ИТБ.

Според мене овој саем со својата специфичност е во рангот на Берлинскиот саем и има големо влијание во туристичката индустрија. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот продолжува со отворање на нови пазари за макетонскиот туристички сектор со кои се приближува кон светските туристички трендови и воведува светски стандарди во промовирањето на дестинацијата. Со настапот на ФИТУР и фокусираната промоција АППТ отвора нови пазарни можности и очекува зголемување на Шпанските туристи и оваа година, вели Јаневски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.