Во следните недели, Тајланд сака да ги пушти туристите во земјата за прв пат од март – но, само долгорочни одмори кои ќе останат во земјата неколку месеци. Двонеделен карантин е задолжителен по пристигнувањето, што некои хотели сакаат да го направат што е можно поудобен за странските посетители.

Во „The Sences Resort“ на островот Пукет, подготвени се околу 16 вили за гостите во карантин, вклучувајќи бесконечен базен, гурманска вечера и две дневни мерења за треска, објави весникот „Банкок Пост“.

Вработените во хотелот ќе мора претходно да завршат специјална обука, на пример, да се заштитат при сервирање храна и да ги идентификуваат можните инфекции на гостинот.

Инсталирани се и надзорни камери на влезовите во вилите: Ако некој гостин го напушти своето сместување за време на изолацијата, полицијата ќе биде повикана во рок од 15 минути, се вели во објавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.