Добра вест за сите кои летово ја одбраа Црна Гора за летен одмор.

Имено, на голем дел од плажите лежалките се бесплатни по 17 часот, што значи дека туристите ќе имаат намалени трошоци во овој дел, пишува „Скопје инфо“.

Педесет отсто од плажите се слободни, освен оние кои се дел од хотелските комплекси. Тоа значи дека доколку туристите не сакаат да изнајмат лежалка и/или чадор не мора тоа да го сторат. По 17 часот лежалките и чадорите на сите плажи се бесплатни – информираат туристичките работници.

Инаку цените за комплети од две лежалки и чадор се движат од 8-10 евра.

Во поголемиот дел од приморскиот дел на Црна Гора во рестораните ручек за четиричлено семејство може да се порача и по цена од 16 евра.

Доколку се одлучите за хотелско сместување цените се движат од 20 евра, во зависност од дестинацијата и категоријата на хотелот, додека во приватните апартмани ќе платите 8 евра по лица. Голем број хотели нудат бројни поволности, попусти за деца до 14 години, бесплатно за деца до 4 години, попусти за подолг престој, бесплатни реквизити за на плажа…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.