Сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на пасошот.

Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница.

Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.

Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет.

Не заборавајте – детските пасоши имаат пократок рок на траење.

Македонија е на 43-то место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направи Henley Passport Index за 2019 година.

Со македонски пасош слободно, без виза, може да се патува во 125 земји.

Од земјите во регионот, пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на седмото место, Словенија е на 11. место, Бугарија е на 19-то, Хрватска е 20, по неа е Србија на 40. место, Црна Гора на 45-то, Босна и Херцеговина на 49, Албанија на 50, а најслабо рангирано е Косово на 90. место.

Најмоќен пасош има Јапонија, а по неа се Сингапур, Јужна Кореја, Франција и Германија.

На дното на листата од вкупно рангирани 190 земји се Пакистан, Сомалија, Сирија, и Авганистан и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.