Доколку Црна Гора е вашата дестинација за овогодинешниот одмор, во никој случај не пропуштајте шанса да ја посетите најпопуларната плажа кај Будва.

Плажата Јаз е оддалечена десетина минути со автомобил од градот, а паркингот е голем и бесплатен.

Две лежалки со чадор за сонце и масичка коштаат од 10 до 12 евра на ден. За балдахините, пак, се доста поскапи и коштаат 20 евра на ден. Доколку не сакате да изнајмите лежалки, на плажата има и места каде може да поставите свој чадори и крпа.

Во понудата на бич-баровите може да порачате и ракија од 1.5 евра, како и сите други жестоки пијалоци чија цена не надминува 4.5 евра. Храна може да најдете од најевтина брза храна за 2 евра до неколку десетици евра за специјалитетите по рестораните.

На неколку места може да најдете сладолед, а на плажата има и продавачи на крофни и масло за сончање.

Еден ден во водениот парк за децата чини 20 евра, а цената на тобоганите зависи од минутажата. Водената забава за возрасните кошта од 4 до 60 евра, во зависност од активностите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.