Грчките власти денес усвоија нов сет на мерки поради коронавирусот кои носат и нови забрани пред претстојната сезона.

Според најновите одредби, не само што е ограничен бројот на луѓе кои истовремено можат да престојуваат на одредена локација, туку е регулирано и минималното растојание меѓу лежалките и чадорите за сонце.

Од денес, дозволено е максимум 40 лица на површина од 1.000 квадратни метри, со чадори мора да бидат позиционирани со минимум четири метри растојание и тие мора да бидат поставени на таков начин што да исполнуваат барем еден метар оддалеченост од сенката што ја фрлаат најблиските позиционирани.

Под чадорот за сонце дозволено е да бидат поставени само две лежалки на растојание од 1,5 метри, а тоа правило нема да важи за семејствата со мали деца.

Во исто време, беше донесена забрана за сите тимски спортови кои вклучуваат контакт, како и мерки за ресторани и други услужни активности што можеби сте уживале во претходните години.

Меѓу другото, музиката е целосно забранета, како и организирање забави, па дури и престој во просториите на барот.

Фирмите кои не ги почитуваат новите мерки, во зависност од проценката на здравствениот ризик, ќе бидат казнети со парична казна во висина од 5.000 до 25.000 евра како и работна забрана за период од 15 до 20 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.