Се разбира дека клима уредот е најважен , но треба да се знае и начинот на разладување.

Деновиве во автомобилите оставени на сонце се измерени и над 74 степени, што може да биде многу опасно, не само за возачите, туку и за патниците, особено ако се деца. Затоа, доколку автомобилот ви бил на сонце подолго време, треба да го пробате советот на познавачите.

Нир Кан во специјализираниот магазин Motoring Research објави совет за најбрзо ладење на автомобилот.

Кога ќе влезете во автомобилот, запалете го моторот и климата, отворете ги сите прозорци и така возете барем една минута. Потоа затворете ги само предните прозорци и продолжете да возите уште најмалку една минута, а потоа затворете ги и задните прозорци. Со овој начин се обезбедува побрза промена на воздухот во кабината , а со тоа и побрзо разладување.

На ветробранското стакло задолжително ставајте заштитен панел. Ако имате отвор на покривот на возилото, следете го правилото дека топлиот воздух оди нагоре, така што неколку минути со вклучена клима и се разбира мотор, возете со отворен покрив.

Не размислувајте за поголемата потрошувачка на гориво со вклучената клима или отворен прозорец. Во градски услови потрошувачката е минимално повисока.

Треба редовно да ја проверувате и течноста за ладење во автомобилот и да носите резерва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.