Која европска земја е најдобра за живеење и работа во 2019 година?

Со економската клима од земјата задоволни се 80% од испитаниците додека дури 86% од нив искажале задоволство и од политичката ситуација.

Швајцарија е прогласена за најдобра земја за живеење и работа. Оваа мала европска земја според листата на банкарската корпорација на Хонгконг и Шангај го симнала Сингапур од тронот кој цели пет години ја носел титулата за најдобра земја.

Високиот животен стандард, конкурентните плати, но и стабилната политичка и економска слика на државата во голема мера ѝ помогнале да се искачи за седум места во ова време на глобална несигурност.

Околу 82% од луѓето кои се преселиле во Швајцарија поради работа изјавиле дека уживале во подобар животен стандард споредено со нивната држава.

Имено, дури седум од десет од оние кои се преселиле таму сега уживаат во поголемо ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111.87 долари – што е многу поголема бројка од глобалниот просек од 75.966 долари.

Покрај Швајцарија и Сингапур на врвот се сместени и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.