Министерството за наутика и островска политика на Грција го објави планот за условите на пловење на бродовите и траектите.

Најважно е за патниците е што траектите кои немаат кабини ќе можат да пополната само 50 отсто од капацитетите во нивната внатрешност или на палубата. Максимален број на патници на бродовите со заеднички кабини ќе изнесува до 55 отсто од вкупниот капацитет.

Што се однесува до кабините, само еден патник или 4 патници кои резервацијата ја извршиле како семејство, ќе можат да ги користат. Кабините природно ќе се проветруваат, а по чистењето и дезинфекцијата вратите ќе мораат да бидат отворени најмалку три часа пред да влезе следниот патник.

Кога се работ за внатрешниот авионски превоз во Грција, во авионите седиштата ќе бидат обележани каде ќе може да се седне а каде не, како би се задржала потребната одалеченост меѓу патниците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.