Островот Серифос, во пресрет на 31 мај “Светскиот ден во борба против пушењето”, донесе одлука дека на плажата Вај, која се наоѓа на овој остров нема повеќе да биде дозволено пушење, а тоа ја прави прва таква плажа во цела Грција.

Одлуката е донесена и во склад со програмата за заштита на животната средина “SeaChange Greek Islands” која ја организираат 10 острови од островскиот венец Киклади.

За време на чистењето во последната деценија се покажало дека најголемиот број од отпадоците се отпушоци, а ситуацијата била најлоша токму на овој остров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.