Свеж и чист воз­дух, тем­пе­ра­ту­ра мно­гу по­ни­ска од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, жу­бор на во­да и не­ве­ро­јат­на ве­ге­та­ци­ја – уба­ви­на што ја ну­ди Ма­ке­до­ни­ја, а мал­ку­ми­на ја ко­ри­стат. Ве­лат ми­јач­ки­от крај е еден од нај­у­ба­ви­те кра­и­шта во зем­ја­ва. При­чи­ни да се по­се­ти ме­сто­то во па­зу­ви­те на Би­стра и на Сто­го­во има мно­гу. Не­до­пре­на­та при­ро­да на 1.100 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на е ви­стин­ско ме­сто за од­мор, но, ка­ко што ве­лат ста­ри­те гар­ци, са­мо за тие што зна­ат да ужи­ва­ат и ја са­ка­ат при­ро­да­та. Га­ри жи­вее во ле­то. Во зи­ма жи­вот има во две-три ку­ќи. Но во ле­то гар­ци се вра­ќа­ат до­ма. Дел од ку­ќи­те се со­се­ма но­ви или об­но­ве­ни, во пре­поз­нат­ли­ви­от и ори­ги­на­лен охрид­ско-кру­шев­ски стил на гра­де­ње. Ре­чи­си се­ко­ја ку­ќа е пол­на и отво­ре­на за тие што ре­ши­ле да го по­се­тат се­ло­то. Се­дев­ме во ку­ќа­та на де­до Бла­жо Дој­чи­нов­ски. Го­ле­ма бе­ла ку­ќа, со ка­фе­ни про­зор­ци, ку­ќа што го за­чу­ва­ла ста­ри­от стил. Ни рас­ка­жу­ва­ше ин­те­рес­ни при­каз­ни за се­ло­то, за жи­во­тот не­ко­гаш, за тоа што е Га­ри де­нес. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за ки­ли­ма­ра­та во ко­ја ра­бо­те­ле 120 же­ни и ги про­из­ве­ду­ва­ле нај­до­бри пер­си­ски ки­ли­ми што ги про­да­ва­ле во Гер­ма­ни­ја. За за­дру­га­та, за ку­ла­ци­те, за за­ба­ви­те и за му­зи­ка­та. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за пе­чал­ба­ри­те, за Дим­ко Шан­гај, кој на вре­ме­то ка­ко пе­чал­бар стиг­нал нај­да­ле­ку, ду­ри до Ки­на. Ќе ви рас­ка­жат за фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри на игра­ли­ште­то, ка­де, ка­ко што уме­ат да ре­чат, има­ло ви­стин­ски го­ло­ви уште во вре­ме­то ко­га во Скоп­је обе­ле­жу­ва­ле го­ло­ви со ка­ме­ња. Ужи­ва­ат да збо­ру­ва­ат за нив­ни­от под­го­твен тим, кој ги по­бе­ду­вал ти­мо­ви­те од Мел­ни­ча­ни, од Ла­за­ро­по­ле и од дру­ги­те окол­ни се­ла. Со гор­дост збо­ру­ва­ат за стру­ја­та што ја има­ле ко­га гра­до­ви­те не­ма­ле, за ма­ло­то ки­но во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, за не­ве­ро­јат­на­та во­да.

 

Бла­жо­ва чеш­ма
И на­ши­от до­ма­ќин оста­вил бе­лег во Га­ри. Не­да­ле­ку од не­го­ва­та ку­ќа, во гор­ни­от дел од се­ло­то ја има на­пра­ве­но чеш­ма­та, де­не­ска поз­на­та ка­ко Бла­жо­ва чеш­ма. Се на­о­ѓа на спро­тив­на­та стра­на од кр­стот. Уба­во уре­де­но ме­сто, гор­дост на де­до Бла­жо. Ве­ли ја на­пра­ви со по­мош на дру­ги­те се­ла­ни.

– Тре­ба одр­жу­ва­ње, до ко­га мо­жам мо­жам, по­тоа ќе ја пре­не­сам на дру­ги.Ко­га ќе за­ми­нам јас чеш­ма­та ќе оста­не да те­че – ве­ли тој.

– Во­да­та е по­себ­на. Да ис­пе­реш не­што не­ве­ро­јат­но бе­ло из­ле­гу­ва. Да го ва­риш гра­вот на гар­ска во­да ќе би­де по­и­на­ков од тој со скоп­ска во­да – ве­лат тие.

И до­де­ка раз­го­ва­рав­ме, по­ми­на ед­на мла­да брач­на двој­ка, ко­ја дош­ла да го по­се­ти се­ло­то. Де­до Бла­жо вед­наш ги по­ка­ни на ка­фе за и тие да ги слуш­нат гар­ски­те при­каз­ни. Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие ин­те­рес­ни ме­ста, кои се гор­дост за гар­ци. Ве­лат што се гар­ци, гар­ци се, ама што не се гар­ци, ко­га ќе се за­ле­пат за Га­ри не се од­ле­пу­ва­ат.

– Се ме­ну­ва­ат лу­ѓе­то. Мла­ди­на­та не е иста ка­ко по­ра­но. По­ра­но до­а­ѓаа мла­ди во гру­пи и се­кој ден одеа на Сто­го­во, да ви­дат при­ро­да, по­то­ци, ба­чи­ло… Ако не го на­пра­виш тоа, ка­ко да не си бил во Га­ри. Се че­каа на сви­јо­кот од ка­де што се гле­да Га­ри и се до­ви­ку­ваа „ај­де оди­ме“. Бе­ше ин­те­рес­но. Но во пос­лед­ни­те 10-15 го­ди­ни мла­ди­на­та е по­и­на­ква. До­а­ѓа ту­ка, ни пла­ни­на ги ин­те­ре­си­ра, ни жи­во­пис­ност, ни из­во­ри. Ста­ну­ва во 10-11 ча­сот. Про­ме­на­та е во тех­но­ло­ги­ја­та. Ста­ну­ва, зе­ма лап­топ, и не ја до­жи­ву­ва при­ро­да­та и уба­ви­на­та. Мла­ди­те не одат пеш. Тре­ба да им е ма­ла пла­ни­на­та да ја про­ше­та­ат. Тие не ја до­жи­ву­ва­ат таа уба­ви­на – ве­ло де­до Бла­жо но­стал­ги­чен за го­ди­ни­те што по­ми­на­ле.

 

Секој гарец остава свој белег
Се­ло­то со око­лу 100 ку­ќи пле­ни со сво­ја­та ин­те­рес­на ар­хи­те­кту­ра, кла­ден­ци­те со сту­де­на во­да, ин­те­рес­на­та по­ста­ве­ност под па­ди­ни­те на две­те пла­ни­ни. По­ра­но ова би­ло зби­е­но се­ло, по­крив до по­крив. Де­не­ска бро­јот на ку­ќи е на­ма­лен, но пар­це­ли­те ни­кој не ги про­да­ва. Ако го про­да­дат ме­сто­то, уми­ра пре­зи­ме­то, фа­ми­ли­ја­та гас­не, се би­ти­су­ва. Ку­ќа­та ко­га ќе ја про­да­деш и да има кој да го нас­ле­ди пре­зи­ме­то, тоа уми­ра.

На­се­ка­де око­лу Га­ри има по­ста­ве­но клу­пи на кои мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­от пог­лед. Над се­ло­то се на­о­ѓа крст, ка­де што на клу­пи­те че­сто ќе срет­не­те лу­ѓе што ужи­ва­ат во уба­ва­та гле­тка. До не­го се до­а­ѓа лес­но. Гар­ци рас­ка­жу­ва­ат де­ка е по­да­рок од нив­ни зем­јак.

– Во 1963 го­ди­на си­те бе­гаа од ту­ка. Си­те за­ми­ну­ваа, ка­ко да е крај на све­тот. Но на­у­че­ни сме на по­и­на­ква кли­ма. Скоп­је бе­ше пре­топ­ло. Уште то­гаш се ро­ди иде­ја­та да ни жу­бо­ри гар­ска ре­ка, да го ди­ше­ме воз­ду­хот од бу­ки­те и од ба­гре­ми­те гар­ски. Во тоа вре­ме фор­ми­рав­ме Ми­јач­ка ро­до­љу­би­ва фон­да­ци­ја. Ор­га­ни­зи­ра­ни сме во 1970 го­ди­на. Не доз­во­лив­ме да про­пад­не. Спа­су­вав­ме од кан­џи­те на за­бо­ра­вот. Мно­гу има­ме за­бо­ра­ве­но. На Гар­ска Ре­ка има­ло 12 во­де­ни­ци. Има­ло пи­ла­ни, вла­ча­ри, ва­ла­ви­ци… Го за­шти­тив­ме се­ло­то. Га­ри е му­зеј под отво­ре­но не­бо. Има ме­ста од ка­де што со еден ка­дар мо­же да го фо­то­гра­фи­раш це­ло­то се­ло. Во тој склоп на единс­тво си­те да­вав­ме, ама сѐ оде­ше ка­ко во бу­нар. И не­кои што беа по­моќ­ни и им ле­же­ше Га­ри на ср­це, ре­ши­ја да на­пра­ват по не­што за се­ло­то. Та­ка еден на­ши­нец на­пра­ви крст пред не­кол­ку го­ди­ни. Оста­ви тра­ен спо­мен за Га­ри – ни ве­ли де­до Бла­жо.

Гар­ска­та во­да до­не­се ин­ве­сти­ци­ја
Хр­ват­ска­та ком­па­ни­ја „Ма­ли Ло­шињ“ поч­на со из­град­ба на фа­бри­ка во Га­ри, во ко­ја ќе пол­ни во­да за пи­е­ње од окол­ни­те из­во­ри. Про­из­водс­т­ве­на­та ха­ла ќе би­де со по­вр­ши­на од 2.200 ква­драт­ни ме­три и ќе има ма­га­цин­ски дел, со управ­на згра­да, ка­ко и до­пол­ни­тел­ни про­сто­рии ка­ко ла­бо­ра­то­ри­ја, кан­ти­на и дру­го. Фа­бри­ка­та е ло­ци­ра­на на пет ки­ло­ме­три пред се­ло­то, по­крај ре­ги­о­нал­ни­от пат Бо­шков мост – Из­вор.

При­каз­на­та ја про­дол­жу­ва со Ви­сок Ка­мен, не­о­бич­на кар­па соз­да­де­на од при­ро­да­та. Ве­ли, тоа е амб­лем на Га­ри. Се­ла­ни­те се по­гри­жи­ле кај не­о­бич­ни­от ка­мен, кој изг­ле­да ка­ко лу­ѓе да го ва­ја­ле да на­пра­ват при­јат­но ме­сто за од­мор. На­ве­чер ка­ме­нот е освет­лен, од кла­де­не­цот бли­ка во­да, а клу­пи­те се од­лич­но ме­сто да го ис­пи­е­те ва­ше­то утрин­ско ка­фе или на­ве­чер да ужи­ва­те во зву­ци­те што ги соз­да­ва при­ро­да­та. Во бли­зи­на се и ма­ли­те во­до­па­ди на Гар­ска Ре­ка. Но де­до Бла­жо пак се вра­ти на она исто­то – мла­ди­те де­не­ска не ја до­жи­ву­ва­ат при­ро­да­та, не пра­кти­ку­ва­ат да се со­би­ра­ат кај Ви­сок Ка­мен.

Елен­ски скок – сим­бол на хра­бро­ста и на истрај­но­ста
Пр­ва­та де­сти­на­ци­ја на си­те што одат кон Га­ри и кон Ла­за­ро­по­ле е мо­стот Елен­ски скок, из­гра­ден во пер­и­о­дот на тур­ско­то вла­де­е­ње. Жи­те­ли­те има­ат по­ве­ќе ин­те­рес­ни при­каз­ни за мо­стот. Ед­на­та ве­ли де­ка е из­гра­ден по на­ред­ба на тур­ски бег, кој за вре­ме на лов ра­нил елен, кој бе­гај­ќи од сво­и­те го­ни­те­ли, иа­ко бил ра­нет, ус­пе­ал да ја пре­скок­не Гар­ска Ре­ка, а по­тоа умрел. Бе­гот ре­шил на тоа ме­сто да се из­гра­ди мост, кој ќе прет­ста­ву­ва сим­бол на хра­бро­ста, че­ста, си­ла­та и бор­ба­та во ко­ја се истра­ју­ва до пос­ле­ден здив. Овој мост се на­о­ѓа на ме­сто­то ка­де што ми­ну­вал не­ко­гаш­ни­от рим­ски пат Виа Иг­на­ци­ја.

На Бо­го­ро­ди­ца гр­ми
Во се­ло­то се на­о­ѓа ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, од 1860 го­ди­на. Во неа ико­но­ста­сот е изра­бо­тен од жи­те­ли на се­ло­то, Фи­лип, Пе­тре и Мар­ко Да­бо­рес­ци. На­ши­от до­ма­ќин е нив­ни прав­нук. Во гор­ни­от кат од цр­ква­та е ода­ја­та за не­ве­сти­те и за де­вој­ки­те. Ту­ка, ако пог­лед­неш на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гле­да око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, по­крај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци. Во цр­ква­та се на­о­ѓа­ат и ко­ски од све­тец, кои, ка­ко што рас­ка­жу­ва­ат, им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на. Ко­ски­те се пре­ми­ва­ат со во­да, а со таа во­да бол­ни­от се мие. Од кој све­тец се ко­ски­те, ни­кој не знае, но се ве­ру­ва де­ка чу­до­твор­ни­те ко­ски им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на.

– Се­ла­ни­те би­ле сто­ча­ри, но и пе­чал­ба­ри. Пе­ча­ле­ле во Ру­си­ја и во Пол­ска. Од си­те се­ла­ни најм­но­гу прос­пе­ри­ра­ле тие што би­ле во Пол­ска. Зла­то те­че­ло од нив­ни­те ра­це, са­мо ус­пе­си ни­же­ле. Пол­ја­ци­те ги при­ми­ле уба­во, раз­ви­ле го­лем ка­пи­тал, по­ве­ќе­то има­ле сла­ткар­ни­ци, на­пра­ви­ле мно­гу па­ри. За праз­ни­кот Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца се пра­ве­ле го­ле­ми свад­би. Би­ло тра­ди­ци­ја то­гаш да на­пра­виш свад­ба. Во Ла­за­ро­по­ле тоа би­ло за Илин­ден. По­сто­е­ло ри­валс­тво. Ќер­ки­те на пе­чал­ба­ри­те од Пол­ска се ма­же­ле со три чи­фта ми­јач­ки ру­би. На чар­да­ци ши­е­ле ру­би 360 де­на. Се нат­пре­ва­ру­ва­ле кој ќе на­пра­ви по­го­ле­ма свад­ба, кол­ку чи­фта та­па­ни ќе се слуш­нат. Бо­го­ро­ди­ца гр­ме­ла – се по­тсе­ту­ва до­ма­ќи­нот.

Гар­ци про­дол­жи­ле да се со­би­ра­ат на овој ден. На­пра­ви­ле оби­ди да се пра­ват свад­би, но иа­ко ве­ќе не­ма свад­би, сѐ уште по­стои тра­ди­ци­ја­та на овој ден си­те да се со­бе­рат. Бр­зо­то тем­по на жи­вот се одра­зу­ва и ту­ка. Дел од не­го­ви­те жи­те­ли по­ра­ди биз­нис не ус­пе­ва­ат да дој­дат, но но­стал­ги­ја­та ги те­ра да не доз­во­лат да згас­не оваа тра­ди­ци­ја.

Цр­ква зат­скри­е­на во пла­ни­на­та
Во па­ди­ни­те на Сто­го­во, на око­лу три ки­ло­ме­три од се­ло­то се на­о­ѓа ин­те­рес­на цр­ква „Св. Пе­тка“. Па­тот кон неа ќе ве оду­ше­ви. Го слу­ша­те жу­бо­рот на ре­ка­та, по­ми­ну­ва­те кон ин­те­рес­ни из­вор­чи­ња, кои, бу­квал­но, из­ви­ра­ат од ка­ме­ња­та, зе­ле­ни­ло, ин­те­рес­на ве­ге­та­ци­ја. Са­ма­та цр­ква е сме­сте­на во зе­ле­ни­ло, до­лу под па­тот. Клу­пи за се­де­ње, чеш­ма со сту­де­на во­да, кам­ба­на­ри­ја… Де­до Бла­жо рас­ка­жу­ва де­ка цр­ква­та ја на­ре­ку­ва­ат Из­во­ри­те.

– Оваа стра­на на Сто­го­во е со зе­ле­ни­ло, па­си­шта, шу­ма, из­во­ри. Дру­га­та стра­на е кон Дрим. От­та­му е су­во и пе­кол­но, со го­ли ри­до­ви. Ние сме бо­га­ти со шу­ма. Се­ко­ја го­ди­на за Ве­ли­пе­ток се оде­ше та­му, по­по­ви­те ја кр­стат во­да­та, се пра­веа из­ле­ти. Из­во­ри­те е „Све­та Пе­тка“. Се­ла­ни­те ја пра­веа со го­ди­ни, ка­ко што мо­жеа. Не­ма­ше ни стру­ја. Та­му фа­ќа­ат го­ле­ми сне­го­ви. До два-три ме­три. И ни се ури­ва­ше цр­ква­та. Ко­га дој­де пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја, по­моќ­ни, ре­коа ќе го на­пра­ви­ме да би­де гор­дост – рас­ка­жу­ва де­до Бла­жо.

По па­тот од цр­ква­та кон вр­вот на пла­ни­на­та се на­о­ѓа­ат ба­чи­ла­та. Та­му се пра­ви вкус­но­то гар­ско си­ре­ње. Ов­де мо­же да про­ба­те и леб пе­чен под сач, ка­ко и ов­чо мле­ко.

Ре­ста­вра­ци­ја на ста­ри­те ку­ќи
Од стра­на на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра е изра­бо­те­на сту­ди­ја за еко­ном­ска оправ­да­ност за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на ова ми­јач­ко се­ло. Сту­ди­ја­та пред­ви­ду­ва ре­ста­вра­ци­ја на по­стој­ни­те ку­ќи со тра­ди­ци­о­нал­ни­те ма­те­ри­ја­ли, ар­хи­те­кту­ра и тех­ни­ки на ста­ри­те мај­сто­ри.

Пред­ви­де­но е да се ин­ве­сти­ра и во но­ви со­др­жи­ни што ќе го под­др­жат сел­ски­от ту­ри­зам, ка­ко што се: сме­сту­вач­ки и уго­сти­тел­ски ка­па­ци­те­ти, ин­фо­зо­ни, из­лож­бен про­стор, уре­ду­ва­ње на про­сто­рот во цен­та­рот на се­ло­то, ре­ви­та­ли­за­ци­ја на цр­ква­та „Св. Бо­го­ро­ди­ца“ и ор­га­ни­зи­ра­ње лет­на шко­ла за ар­хи­те­ктон­ска кон­зер­ва­ци­ја на тра­ди­ци­о­нал­ни­те ку­ќи.

Се­ла­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка по­ра­но има­ло 25.000-30.000 ов­ци, се пра­вел нај­у­ба­ви­от ка­шка­вал, со ми­риз­ба што се ши­ре­ла низ це­ло­то се­ло. Ка­шка­ва­лот за­вр­шу­вал на аме­ри­кан­ски­от па­зар.

Ова е са­мо дел од тоа што мо­же да се ви­ди во Га­ри и да се слуш­не од не­го­ви­те се­ла­ни. Ве­ќе две го­ди­ни во се­ло­то по­стои ви­ла во ко­ја мо­же­те да прес­пи­е­те, да ја­де­те вкус­на тра­ди­ци­о­нал­на хра­на, да про­ба­те гар­ска па­стрм­ка. Оста­ну­ва са­мо да го по­се­ти­те се­ло­то и да ја по­чув­ству­ва­те уба­ви­на­та, ко­ја не се опи­шу­ва. И, се­ка­ко, да го пос­лу­ша­те де­до Бла­жо – оста­ве­те го лап­то­пот, до­жи­веј­те ја пла­ни­на­та.

(Пишува: Билјана Зафирова
Текст од архива: Објавен во 100. број на неделникот „Република“, 1.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.