Во францускиот туристички град Шарант хотелиерите се соблекоа голи во борба против коронавирусот и против намалената работа и приходи.

Оваа акци е наречена “Insure Naked” и преку неа тие ги повикуваат осигурителните куќи да им го покрија трошоците без одложување, а ги повикуваат и банките да ги одложат наплатата на кредити за една година. Угостителите сметаат дека Владата на Франција треба да се “позанимава“ со овој проблем.

Газдата на хотелот “D’Orbigny“ вели дека “утре ќе има економска епидемија ако сега нешто не се превземе“.

Тој и уште седум други сопственици на хотели одлучиле да позираат голи пред своите објекти како бѝ привлекле внимание. Тиа апелираат коронавирисот да биде третиран како природна катастрофа.

Од средината на март имав само една резервација, а по Велигден не знам како ќе издржам. Без туристи, без пари, нема да можам да ги платам трошоците што ги имам и ќе банкротирам. Нивниот предлог е да се одложи плаќањето за шесте месеци, а што ако поради пандемијата пропадне цела летна сезона?, Федерик Лелонг.

Инаку овие симпатични хотелиери станаа популарни на социјалните мрежи, а покренаа и петиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.