Лидерите на ЕУ заклучиле на состанок посветен на пандемијата на ковид-19 дека внатрешните и надворешните граници на ЕУ мораат да останат отворени, но со примена на строги мерки на рестрикции на неесенцијални патувања.

Убедени сме дека мораме да оставиме отворени граници, но истовремено разгледуваме и рестрикции за неесенцијални патувања – порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по состанокот на лидерите исто така порача дека е неопходно да се одржи функционалност на единствен европски пазар преку непречен проток на роба и работници.

Лидерите на ЕУ ја нагласија сериозноста на моменталната епидемиолошка ситуација во Европа и повикаа на обележување на таканаречени „темно црвени“ зони на епидемиолошката мапа на Европа со која би ги означиле местата каде е зголемена циркулацијата на вирусот.

Заклучено е дека на надворешните граници на ЕУ ќе се воведат додатни мерки со цел запирање на ширењето на вирусот, па од патниците од трети земји од сега ќе се бара и тестирање пред да патуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.