Покрај неверојатната боја на морето, богатата историја, луксузните одморалишта, Анталија сместена на турскиот брег изобилува и со интересни приказни и легенди.

Во овој дел на Турција постоел обичај, татковците на своите ќерки да им остават наследство, парцела покрај море, а на синовите плантажи со портокали. Многу децении подоцна, со развојот на туризмот, наследничките на парцелите ги продале своите имоти за голема сума пари, додека пак наследниците синови сè уште собираат портокали. Оваа приказна во Анталија е позната како „Одмазда на сестрите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.