Православните верници денеска го прославуваат еден од најголемите празници Петровден. Највесело денеска требаше да биде во Галичник каде требаше да се одржи традиционалната Галичка свадба која е одложена поради состојбата со короната.

С’лзите сами ни идат, Петровден во Галичник без Галичка свадба се слави! Галичаните се издржлив народ, велат малубројни по наталитет, многубројни по дух и школувана интелегенција, ќе помине и ова. Бидете живи и здрави, славете од дома со срцата п’лни љубов, и душите п’лни радост! Тапан и зурла пак ќа се слушает, пак ќа пеет старо и младо! Пушка ќа се фрлат, Тешкото на Упија ќа се виет! И таму некаде, горе на небото, поздрав до покојните ќе испратиме! За многу години Петровден!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.