Потполна соларна населба е дел од растечкото движење на еко-пријателскиот туризам. Мало одморалиште на Малдивите е прогласено за најдобро ново луксузно одморалиште за 2019. година.
Кудаду Малдиви е комплекс со 15. еднособни или двособни надводни резиденции, а во случај непречените погледи на океанот да не се доволни, има и бесконечен базен кој гледа на вода. Отворен е на 26. декември 2018. година, но веќе привлекува бројни туристи.

Хотелот е дел од растечкиот тренд на еко-пријателскиот туризам. Навалениот кров создава доволно енергија да опслужува 50. гости и 100 вработени, во секој момент.
Сега Кудада се смета како еден од најлуксузните хотелски понуди на Малдивите, вклучувајќи и прва подводна вила на светот во која престојот за една ноќ чини 50.000 долари, како и одморалиште кое е дом на музејот на подводни скулптури.

Како неодминлива станица за богатите патници кои бараат луксуз се придружува и швајцарската планинска куќа со седум спални соби која е прогласена за најдобра скијашка куќа на светот, а одморалиштето на Бали со „најдобар поглед на светот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.