Познат по својата дрскост, позирање покрај скапоцени автомобили и луксузни локации, албанскиот рапер Дијонис Биба ги разбесни Британците откако на социјалните мрежи објави снимки со инструкции како илегално да се стигне во Велика Британија.

Неговите упатства, кои биле прегледани повеќе од 100.000 пати, вклучуваат користење на лажни документи како лична карта и пасош, како и аеродроми каде, како што тврди, никој нема да забележи дека документите се фалсификувани. Ги советувал илегалците веднаш да побараат азил.

Биба, кој е многу популарен во Албанија, во тие снимки отворено зборувал дека во Британија влегол илегално и дека ќе биде депортиран ако го откријат. Додека во земјата престојува илегално, редовно поставува фотографии од Лондон, каде позира во скапа гардероба пред спортски автомобили.

На една од снимките прикажал и “Google maps” рута според која наводно негов пријател влегол во Велика Британија користејќи лажна италијанска лична карта.

Рутата води од Албанија до Барселона, а потоа со автобус се патува до еден помал аеродром во Шпанија.

Овој аеродром не го користат многу луѓе кои патуваат во Британија. Купете карта преку интернет и такси нека ве одведе до аеродромот. Полека приоѓајте до влезот и користете го бар-кодот на картата кој ви е во телефонот. Тогаш го минувате скенерот. Од таму одите на најважното место, каде што ги покажувате документите. Треба да се смешкате како навистина да сте Италијанец. На овој аеродром ќе ја уважат вашата лажна лична карта. Таму ве чека авион, детално опишал Биба во снимката која е прегледана 70.000 пати.

Поставил снимка и минатата година во септември, а ја прегледале повеќе од 30.00 луѓе. Во неа објаснил како и Ирска може да се искористи за последен влез во Британија, со помош на лажни документи од Романија.

Од Шпанија одите за Даблин. Во Даблин барате азил, а потоа тие таму ви даваат уште еден лажен документ, кој чини 300 евра. Од таму седнувате во авион за Лондон, тврди Биба.

Тој тогаш во коментарите открил дека и натаму е во Лондон, но дека планира да оди во Франција. Рекол дека романскиот пасош го набавил преку пријател.

Запрашан што ќе се случи ако го фатат, рекол дека ќе го депортираат во Даблин, каде му земале отпечатоци од прсти кога пристигнал, но дека не е многу загрижен.

Неодамна бил откриен уште еден Албанец кој шверцувал луѓе во Велика Британија преку Даблин. Тој ја наплаќал услугата 2.00 евра, а на Фејсбук ја рекламирал својата рута.

Бабините снимки и натаму стојат на YouTube платформата и не се отстраните, бидејќи наводно не го нарушуваат правилникот. Сметаат дека Биба во тие снимки само го поделил искуството за тоа како дошол во Англија, но не давал информации за преминување на границата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.