Жена која се изгубила во Австралија пред 12 дена, била спасена, додека уште се трага по нејзините двајца пријатели, соопштила австралиската полиција.

Полицијата ја пронашла жената следејќи ги трагите од гуми на возилото со кое патувале, пренесе агенцијата АП.

Тамара Мекбет Рејли (52) е пронајдена во неделата навечер и веднаш била пренесена во болница поради дехидрираност и изложеност на сонце, соопшти полицијата, додавајќи дека во хеликоптерска потрага се бараат нејзините пријатели.

Тројцата тргнале на 19 ноември од Алис Спрингс, меѓутоа нивниот автомобил се заглавил во корито на река на југозападниот дел од градот. Мекбет Рајли е пронајдена 1 и пол километар северно од автомобилот во близина на извор на вода и, според полицијата, цело време се трудела да остане близу до водата што ја пиела, поради што успеала да преживее. Таа изјавил дека останала кај изворот за вода, бидејќи не верувала дека би издржала пешачење до автопатот, како и дека не знаела дали некој ги бара.

Кога ме пронајде хеликоптерот мислев дека пријателите стигнаа до автопатот – рекла Мекбет Рајли.

Според неа, нејзините пријатели продолжиле да пешачат 20 километри кон автопатот за ја избегнат пустинската топлина која достигала дури 40 Целзиусови степени, а со нив имале вода и малку храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.