Некои намирници создаваат гасови и подуеност во стомакот, па избегнувајте ги доколку сакате да ве собере во костимот за капење и да ги избегнете лошите тоалети по плажите.

Брокула и карфиол

Овој зеленчук потешко се вари во малите црева, а тоа се должи на недостатокот на ензими. Тоа значи дека кога зеленчукот ќе стигне до големите црева, бактериите во тој дел на стомакот може да предизвикаат гас и надуеност при варење на храната.

Праски и сливи

Цврстото овошје како праски и сливи се одликуваат со шеќерни алкохоли кои може да ферментираат и да предизвикаат надуеност и гасови.

Мастика за џвакање

Џвакањето мастика предизвикува да вдишувате повеќе воздух кој се задржува во вашиот организам и предизвикува да сте надуени и да имате повеќе гас во стомакот.

Мешункасти плодови

Веќе добро знаете дека гравот, сојата, грашокот предизвикуваат надуеност и дополнителни гасови во стомакот.

Газирани пијалоци

Меурчињата во минералната вода или соковите се задржуваат во вашиот стомак и предизвикуваат надуеност.

Сол

Претерувањето со солта може да предизвика водата да се задржи во телото и да предизвика надуеност.

Пржена храна

Маснотијата во пржената храна се вари многу бавно и предизвикува подуеност и тешкотии во стомакот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.