Директорот на скијачкиот центар на Србија, Дејан Чика, вели дека на скијачките патеки мора да се почитуваат пропишаните епидемиолошки мерки и дека оние што не се придржуваат до мерките ризикуваат да им биде одземена скијачката карта.

Доколку не се почитуваат мерките во ски-центарот, нашата полициска служба прво ќе ги предупреди скијачите, а потоа ќе ги исклучи од редот. Имаме можност, доколку не се почитуваат условите, скијачката карта да му биде одземена на скијачот, рече Чика.

Тој истакна дека сите се свесни дека е подобро да се почитуваат мерките, отколку да се затвораат кафулиња, ресторани и хотели.

Тој забележува дека во ски-центарите најлесно можат да се спроведуваат заштитните мерки, бидејќи сите скијачи имаат заштитни одела, кациги, маски, ракавици, сите се надвор, просечната должина на скии е 1,6 метри, што овозможува да се одржува дистанца.

Како што вели, оваа година „Скијачките центри на Србија“ отворија четири нови скијачки патеки на Копаоник и бесконтактна продажба на билети со цел да се избегне гужва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.