Порталот „Пари“ ги разгледа цените на охридското и струшкото крајбрежје, како и сместувањата во Дојран, но чепна и по планинскиот туризам во Маврово, Берово и во Крушево.

Како параметар ја зедоа понудата за едно четиричлено семејство со две деца – едно 5 години, а едно 14 години. Пребарува колку чини сместување во последната недела на јули и колку во првата недела од август.

Охрид

Пребарувачот на платформата Booking даде исти резултати за една недела престој, било да е тоа последната недела од јули (од 25 до 31 јули), или пак првата недела од август, од 1 до 7 август. Најнискиот износ, за двата термина, што го „исфрли“ Booking за 6 ноќевања за 4 лица е 12.927 денари за простор од 50 квадратни метри – со две спални и кујна, во реновирана гаража, како што навел самиот газда, лоцирана на 2,6 километри од плажата Сараиште. Највисокиот износ пак, го понуди „Вила Бела“ – 182.081 денар за 6 ноќи. Всушност, станува збор за наем на два апартмана (вилата нема класично сместување за 4 лица), при што едниот е делукс сместување за двајца за 6 ноќи по цена од 73.128 денари, а другиот апартман е сместување наменето за 3 лица со вкупна цена од 108.953 денари. Во аранжманот е вклучен и доручекот. Вилата се наоѓа меѓу Лагадин и Елшани. Со исто име „Вила Бела“ се нуди уште еден сместувачки објект, но тој е во Стариот град во Охрид и цена за 6 ноќи за четиричлено смејство е 53.553 денари.

Интересен податок е што според Booking 92 отсто од пријавените капацитети на оваа платформа, веќе не се слободни за последната недела од јули, додека за првата недела од август веќе се резервирани 93 отсто од капцитетите.

Но, ако се разгледаат огласите по рекламните веб страници може да се видат и понуди за апартманско сместување (со сопствено купатило и со кујна) од по 450 денари по човек. Тоа значи дека ако не се наплати спиење за дете до 5 години, во овој случај една ноќ чини 1.350 денари, но ако се наплати и кревет и за 5-годишното дете, тогаш пресметките покажуваат 1.800 денари за ноќ.

Целото истражување на Пари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.