Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство организира панел-дискусија на тема: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. Настанот ќе одржи денес во Јавна соба – Скопје, со почеток во 13:00 часот.

На настанот ќе разговараме за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата. За да постигнеме родова еднаквост, потребен ни е еднаков пристап до ресурси, можности и моќ за одлучување, формално образование кое промовира здрави односи засновани на согласност и меѓусебна почит, соочување со предизвиците на руралните жени и сузбивање на женската сиромаштија. Преку различните излагања на панелистките ќе опфатиме неколку аспекти на родовата еднаквост, како и насилството врз жени и девојчиња.

 

Со задоволство ги покануваме сите заинтересирани членови на Советот на вашата општина, претседатели на совети и советници, како и претставниците од секторот за социјална заштита и од комисиите за еднакви можности да учествуваат на овој настан. Вашето присуство е исклучително важно за продлабочување на дискусијата и разменување искуства.

Агенда
12:30 – 13:00 Пристигнување и кафе за добредојде
13:00 – 14:00
-Родов јаз во платите – Ана Бојчевска Митревска, Реактор – Истражување во акција
-Работнички права на жените – Уранија Пировска, Хелсиншки Комитет
-Пристап до права и услуги на жените земјоделки – Неда Чаловска Димовска, експертка
-Родово базирано насилство и родова еднаквост – Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
-Социјално ментроство и економско јакнење на жени жртви на РБН и СН – Климентина Илиевска, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“
14:00 – 14:30
-Дискусија
14:30
Затворање на панел-дискусијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.