Традиционалната манифестација „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“ го имаше својот финален настан минатата недела во Кинотека на Македонија кога беа наградени четири уникатни дела комплетно создадени од отпадни материјали.
Гранд-при наградата за групно дело беше доделена на ООУ„ Димката Ангелов – Габерот“ во Демир Капија. Првото место за поединечно остварување го доби Анастасија Велковска од „Вера Циривири – Трена“, второто место за поединечно остварување Матеа Корпузовска од средното училиште „Георги Димитров“ додека третото место за поединечно остварување го освои Валентин Костоски од основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Голем дел од уметничките творби сега се изложени и може да се погледнат и во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје.
На овогодинешниот конкурс кој се одржува од 2011 година беа пријавени 320 учесници како индивидуалци или како група. За победниците одлучуваше тричлена комисија составена од етаблирани професионалци во областа на ликовната уметност.
Манифестацијата со мото „Заедно за здрава животна средина“ се одржува уште од 2011 година и е наменета за млади на возраст од 5 до 18 години и не само во установите и училиштата во земјава туку во сите европски земји. Ние сме посебно задоволни од приложените креативни дела, вели Харалампие Манчев, секретар во Детскиот ликовен центар.
На манифестацијата имало многу креативни решенија во кои се користени различни материјали како пластични чаши, шишиња, лажички, лименки, гума, жица, стакло, кутии од различен тип, картони, хартија во боја итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.