На денешен ден (26.03.2001) кај Каралулата Чашка загинува Игор Николовски (†26), резервист во АРМ, додека бил во патрола на набљудувачките пунктови во тој дел на северната граница. Да се потсетиме сите на ликот и делото на Игор. Во потрага по сигурноста и егзистенцијата на своето семејство, кон кое со целата емоција и љубов беше приврзан Игор се определи да ја облече униформата и стапи во резервниот состав на Република Македонија. Веруваше дека на тој начин му обезбедува мирно и безгрижно детство на својот син Благојче чие раѓање беше најрадосниот ден за Игор и неговата сопруга, како и за мајка му која никогаш не може да го прежали својот покоен домаќин. Во годините на распламтаната младост, кога наполни 16 лета, на 26 март 2001 година се случи најголемата катастрофа во семејството, загина Игор. Прекинат е уште еден живот. Згаснаа плановите и амбициите на семејството кое својата среќа и иднина ја поврзуваа токму со стожерот на семејството игордоста на фамилијата Николоски. Сега и засекогаш остануваат најубавите спомени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.