Војвотката од Кембриџ е позната по префинетиот стил благодарение на минимализмот кој го негува со години.

Сака накит, но исклучиво во умерени количини, па анализирајќи ги нејзините прстени ќе сфатите дека наместо 2, бурма и веренички прстен, на домалиот прст Кејт носи 3 прстени.

Првиот прстен сите добро го знаеме – масивниот син сафир кој го доби од принцот Вилијам како веренички прстен, а кој ѝ припаѓал на принцезата Дијана.

Вториот е бурмата, која е едноставна, деликатна, од 18-каратно велшко злато.

Кое е значењето на третиот прстен?

За чудо, нема никакво значење, туку има само една практична функција – да го потпира и осигура тешкиот веренички прстен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.