Најбрзиот начин на слабеење не е секогаш најздрав, а ние ви откриваме токму таков, кој е и брз и здрав!

Пробајте мешавина од топла вода, мед и цимет, а тоа што ќе го направи на вашето тело ќе биде неверојатно!

Цимет

Циметот е прекрасен зачин кој е неопходен за регулирање на нивото на шеќер преку зголемување на нивото на пептиди.

Ова зголемување предизвикува одложено празнење на желудникот, што значи дека јадете помалку затоа што се чувствувате сити подолго време.

Истражувањата покажаа дека циметот го забрзува метаболизмот и обезбедува подобро варење на јаглехидратите, како и зголемено согорување на калории, што резултира со поголемо губење на тежината.

Калциумот во циметот делува на начин што го отежнува зголемувањето на телесната тежина поради подобрување на согорувањето на мастите и намаленото складирање на маснотии во телото.

Мед

Медот е исто така суштинска состојка за слабеење.

Ја подобрува работата на метаболизмот, особено при согорување на мастите. Го зајакнува црниот дроб и ги ублажува хормоните на стресот.

Мешавината од цимет и мед е клучна за регулирање на холестеролот и шеќерот во крвта. Исто така, служи како ефикасен согорувач на масти.

Рецепт:

Додадете половина лажичка цимет во прав во чаша врела вода. Добро покријте ја шолјата и оставете го напитокот да се излади додека не стане млак, а потоа додадете две лажички сиров мед.

Испијте половина пијалок непосредно пред спиење. Пијте на празен стомак следното утро.

За најдобри резултати, користете го пијалокот со цимет и мед една недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.