После 20 години,  огромен профит од таканаречената „брза мода“ , сега  огромни загуби претрпуваат производителите како што се  H&M, “Zarа” “Paul&Bear”,”Stradivarius“.

Во моментов тие затвораат илјадници продавници низ целиот свет, а работниците ги губат своите работни места,  пишува дневниот весник „Хафингтон пост“.

Според проценките на „Бизнис и мода“, глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има помеѓу 25 и 30 проценти загуби како резултат на пандемијата и кризата. Огромна сума од оваа индустрија, ширум светот, заработува 2,5 трилиони долари годишно.

Модниот гигант Зара веќе најави дека ќе затвори 1.200 продавници ширум светот, но дека нивниот долгорочен план е да се префрлат на продажба преку Интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.