Напролет и наесен косата поинтензивно се обновува, па затоа забележително е нејзиното опаѓање.

За да го спречите опаѓањето, водете сметка за исхраната, но нахраните ја и косата со маска на база на кофеин, која ја забрзува циркулацијата и на тој начин го забавува сезонското опаѓање на косата.

Начин на подготовка

Во еден сад измешајте 1/4 чаша јогурт, две лажици зелен чај, 1 лажица мелено семе од синап и една жолчка. Кога ќе добиете хомогена смесa, нанесете ја на косата, најголем дел на коренот, и оставете да дејствува половина час.

Косата измијте ја на вообичаен начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.