Има само уште неколку дена до големото „Barber Show – Saja Majstor“ кое ќе се одржи во хотел !„Мериот“ на 18-ти месецов во Скопје.

Познатиот виртуоз со ножички Саја Мајстор од Белград ќе одржи четиричасовно шоу пред присутните гости, а дел од нив ќе имаат прилика да се натпреваруваат со цел да ги покажат своите вештини и тоа пред еминентни имиња од берберскиот и фризерски свет.

Учесниците на овој „мастер-клас“ со познатиот бербер од Белград ќе добијат сертификат дека учествувале на него, а исто така за сите нив ќе има и неколку вредни подароци од генералниот спонзор на настанот „Cosmos Group“ и „Red One i Redist“.

Интересот за ова „Barber show“ е навистина голем, а интерес за настанот има и од нашето соседство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.