Меган Маркл и принцот Хари се во посета на Африка, а војвотката денеска за посета на добротворната организација за помош на децата жртви од насилство, се облекла многу практично. Сигурно сакала да се чувствува пријатно и да ѝ биде удобно.

Облекла бела кошула, црни панталони и тексас јакна, а од детали имала голема чанта во сафари стил, темни очила за сонце и дискретни обетки.

Сите забележале дека Меган облекла рамни мокасини од кафена кожа, кои потсетуваат на опинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.