Српскиот моден уметник и стилист Александар Драмиќанин ѝ направи драстична трансформација на својата 86-годишната баба Милоратка. Објавата на уметникот стана вистински хит на социјалните мрежи, а за него почнаа да зборуваат и оние што досега воопшто и не знаеле за неговата работа.

За време на карантинот минатата година за првпат ја нашминкав. Тогаш за првпат во животот ја обои и косата. Таа е баба од село, живее во Ивањица. Ја искористив пригодата да ја средам кога тоа никому не му беше достапно, само таа го имаше тој луксуз, вели Александар.

Баба ми, како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја бои косата и носи марама. Но, тоа е жена што плени со внатрешна и надворешна убавина и така дојдов до идеја да ја средам, открива Александар за срспките медиуми.

Драмиќанин е моден уметник кој веќе 15 години работи во Белград, а досега соработувал со голем број познати личности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.