Диета со овошје и зеленчук

Како делува: Во овошјето и зеленчукот има многу здрави состојки кои не содржат маснотии, како и материи кои бргу ќе ве заситат и ќе ви го подобрат варењето.

План на исхрана

Појадок : Еден јогурт помешајте со 300g сезонско овошје (јаболка, кајсии, праски, малини).

Ручек: 300ml бистра супа и 300g пасиран варен морков.

Вечера: Мешана салата од овошје и зеленчук.

Совет: Бананите и грозјето имаат многу шеќер па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнете. Подалеку од маслинките, бидејќи содржат маснотии.

 

Диета со ориз

Како делува: Малите зрна ориз се многу вкусни, а содржат и многу витамини. Покрај тоа, благодарејќи на калиумот, оризот го исфрла вишокот на вода од организмот.

План на исхрана

Појадок : Салата од сезонски зеленчук

Ручек и вечера: Обарете 200g ориз и поделете го на две порции кои ќе ги јадете во текот на денот. Едната порција изедете ја со пире од јаболка, а другата со 300g динстан зеленчук измешан со класично масло за јадење.

Совет: Оризот се вари 40 минути без сол, бидејќи солта ја задржува водата во организмот. Наместо со сол зачинете го со цимет или некој друг зачин.

 

Диета со компир

Како делува: Компирот е идеална намирница за диета бидејќи не содржи маснотии, има многу калиум и со своите 70 калории на 100g создава чувство на ситост и не дебелее.

План на исхрана

Појадок : Едно парче интегрален леб со филе од лосос или со 50 g младо сирење.

Ручек: Два варени или печени компири зачинете по желба и изедете ги со 150 g посна павлака.

Вечера: 200g компир подгответе со 350g динстан зеленчук (пиперка, брокула, карфиол, домат).

Совет: Компирот обарете го со лушпа, бидејќи под лушпата е сокриен витаминот Ц кој допринесува кон слабеењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.