Бришењето прашина ретко на кого му претставува задоволство бидејќи вие ја бришете, а таа повторно паѓа и изгледа како залудно да ја правите таа работа. Но, ако веќе сте се потрудиле да ја исчистите куќата од прашина, тогаш треба да внимавате на некои работи за да помине повеќе време пред таа повторно да се наталожи. Еве кои трикови да ги искористите за да ви се собира помалку прашина во домот.

Исчистете ги греалките и клима-уредите

Во нив се крие огромна количина прашина, што значи дека кога вие ќе ја исчистите куќата, прашината повторно ќе излезе од овие уреди и ќе се наталожи на предметите низ вашиот дом. Поради тоа, пожелно е одвреме-навреме да ги чистите овие уреди со правосмукалка.

Не бришете прашина на суво

Во овој случај прашината само ќе се разлета и ќе се премести на друга површина. Поради тоа, секогаш бришете прашина со влажна крпа бидејќи на тој начин честичките ќе се залепат на крпата.

Не прскајте спреј за полирање директно врз мебелот

На овој начин ризикувате да создадете слоеви на мебелот што подоцна само ќе привлечат повеќе прашина. Наместо да нанесувате директно врз мебелот, прво испрскајте од спрејот на крпа и така нанесете го на мебелот.

Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката

Филтрите се дизајнирани да ги собираат и да ги задржуваат честичките прашина. Ако не го менувате филтерот редовно, прашината нема да се задржи во правосмукалката, туку ќе се разлета наоколу и ќе се наталожи на мебелот.

Извор: кафепауза.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.