Вистински хаос се случувал на Изборот за мис на Шри Ланка, кој резултирал со хоспитализирање на Пушпика де Силва која ја освоила титулата за најубава девојка во земјата. Неколку моменти по победата, победничката во 2019 година, Каролин Џури, ѝ се приближила и ѝ ја одзела круната од главата, тврдејќи дека не може да ја носи титулата затоа што била разведена.

Каролин Џури ѝ ја одземала круната од главата, цитирајќи го правилото на натпреварот дека учесниците мора да бидат во брак и не смеат да бидат разведени.

Постои правило што спречува жените кои веќе се венчале и се развеле да ја добијат титулата, па затоа преземам чекори круната да ја преместам на друго место, рекла Јури пред присутните и пред гледачите на националната телевизија.

Потоа ја ставила круната на главата на првата придружба, по што Де Силва заплакала и истрчала од сцената, пренесува Би-би-си.

Сепак, сè решиле организаторите, кои ѝ ја вратиле круната на Де Силва, откако потврдиле дека не е разведена.

Тие ѝ се извиниле за инцидентот, изјавувајќи дека Де Силва бил разделена, но не и разведена.

Де Силва преку објава на „Фејсбук“ напиша дека отишла во болница поради повреда на главата што ја претрпела за време на инцидентот.

Таа рече дека ќе преземе правни активности поради „неразумниот и навредливиот“ начин на кој била третирана.

Натпреварот за убавина Мис Шри Ланка ворлд е голем настан во земјата, а меѓу гостите на церемонијата била и сопругата на премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.