Тамара Котевска, еден од режисерите на македонскиот документарен филм „Медена земја“ носи прекрасен син фустан на македонската модна креаторка Силвија Михајловска, од модното студио „Алшар“ на пред-оскаровскиот панел кој се одржа во Лос Анџелес.

Котевска и режисерот Љубомир Стефанов учествуваа на панелот со останатите автори на филмовите номинирани во категоријата Најдобар интернационален филм. „Медена земја“ е единствениот документарен филм номиниран во оваа категорија.

Инаку, не е првпат Котевска да носи модни парчиња од „Алшар“.

Во продолжение, погледнете го разговорот во кој учествуваат и Јан Комаса, режисерот на „Корпус Кристи“, Лаџ Лу, режисерот на „Клетници“, Педро Алмодовар, режисерот на „Болка и слава“ и Бонг Џун Хо режисерот на „Паразит“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.